Вашата кариера во ЛПП

About LPP

ЛПП е меѓународна модна компанија која им овозможува на своите клиенти да ја искажат својата индивидуа во модата повеќе од 30 години. Во својот состав, ЛПП има 5 бренда: Reserved, Mohito, Cropp, House и Sinsay, и секој од нив е дизајниран за различни групи потрошувачи кои водат различен животен стил и имаат различни потреби. Најголемата движечка сила на компанијата се нашите вработени кои се над 30.000 амбициозни луѓе, работат низ цела Европа, Азија и Африка.

Нашите колекции се претставени во над 2.200 продажни салони во скоро 40 земји, а наскоро ги отвораме и првите продажни салони во Косово/Албанија.

Како компанија која покрива различни делови од светот, препознатливи сме по градење на креативно и позитивно работно опкружување што ги почитува различностите во нашите тимови. На Македонскиот пазар постоиме нешто повеќе од 3 години, период во кој отворивме вкупно 25 продажни салони низ Скопје и градовите, а, во моментов броиме над 250 вработени, тренд кој постојано расте и се зголемува од ден на ден. Нашите вредности се наш водич и истакнувањето на индивидуалноста и посветеноста на она што го правиме нè прави уникатни.

Асистент за продажба ​

Асистентот за продажба е одговорен за професионална услуга на клиентите, прикажување на производи во продавницата и зголемување на обемот на продажба. Тоа е одлична улога за луѓе кои сакаат да го запознаат Синсеј од нула, дури и ако имаат минимално искуство.

Пријавете се
Погледнете

Декоратер​

Декоратер или Visual Merchandiser е одговорен за уредување на продавницата според стандардите на VM, зголемување на обемот на продажба и услуги на клиентите. Тоа е одлична позиција за секој со релевантно VM искуство и склоност кон следење на модни трендови.

Пријавете се
Погледнете

Заменик Менаџер/Одговорен на смена ​

Заменик менаџерот сака да ги мотивира своите вработени и да го споделува своето знаење, како и да го организира работниот распоред за поддршка на менаџерот на продавницата. Тоа е одличен избор за луѓе со најмалку една година искуство во слична улога.

Пријавете се
Погледнете

Менаџер на продажен салон ​

Менаџерот на продажен салон е одговорен за исполнување на плановите за продажба и максимизирање на клучните индикатори за перформанси. Тој/таа, исто така, управува со тимот и ги промовира производите во согласност со релевантните стандарди за VM и целите за продажба. Тоа е одличен избор за луѓе со 1-2 години искуство во слична улога.

Пријавете се
Погледнете

Бенефити:

Sinsay map